Ќе победиме, затоа што овој пат е јасно. Македонија е на нозе и нема да дозволи апсолутна власт во рацете на неодговорни луѓе, уште нови 4 години од нашите животи да бидат залудно потрошени. Сите овие луѓе бараат парче достоинство за себе, решавање на нивните проблеми, одговорност, сигурност и среќа во нивните животи.
Во недела да заокружиме број 7, да го поддржиме Дејан Владев и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Ова е пораката која лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја упати на вечерашниот митинг во Свети Николе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.