Македонија е моето сѐ и што и да кажам повеќе од тоа е непотребно. Моето сѐ, не само демагошки. Сум давал, давам и ќе давам се за мојата Македонија – посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата Опуштено на телевизија „Алфа“.
Запрашан зошто одлучи да остане во земјава, тој рече:
-Бев доброволец во Армијата, како студент на генерација отидов, 2002-2003 година, гардиста ми се чудеа што барам таму. Јас ја сакам оваа земја. Имав можност да ја напуштам Македонија. Еднаш кога бев на докторски студии имав опција да останам, но работите дома се движеа во насока дека треба да создадам семејство. Вториот пат притисокот беа Јован и сопругата. Тогаш таа беше во поодмината бременост. Рече, ти ќе одиш јас што ќе правам. Така што се вратив. И третиот пат, кога веројатно беше најсериозна понудата беше 2017 година кога имав можност да заминам на еден универзитет, да работам надвор од Македонија, да работам како професор, но јас одлучив да останам тука, предизвикот да бидам претседател на ВМРО-ДПМНЕ во тој период ми беше приоритетен. И не зажалив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.