Ќе заработи ли казна грчкиот фудбалски клуб ПАОК за транспарент на трибините?! Се чека реакција на дисциплинските органи во Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) поради истакнување на порака со политичка содржина на своите навивачи. „Црно-белите“ на нивниот стадион „Тумба“ во Солун играат против Ајакс во првиот меч од третото квалификациско коло за Лигата на шампиони, а долж првиот ред на трибината спроти централната е истакнат транспарент на кој е испишано „Македонија е една и единствена и овде е“ со сонцето од Вергина на обете страни од написот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.