Дали и колку е подготвена Македонија за целосна легализација на марихуната? По најавата на премиерот Заев дека се размислува за легализирање на марихуаната и нејзино законско конзумирање во угостителски објекти се отворија многу прашања најглавното: колку овој потег ќе биде корисен за општеството? Според психијатрите, земјава е далеку од подготвена за таков чекор бидејќи нема протоколи и услови за масовна употреба на оваа супстанца.
Добар дел од консументите ја користат сè почесто и почесто и влегуваат во замката на зависноста. Легалзиација на марихуната значи дека се отвара пандорината кутија.Треба да најдеме начин бидејќи, не можеме да ги контролираме децата колку одат во обложувалници, истото би се случувало и во тие “coffe shops” како ќе се регулира тоа? Тоа треба да биде процес кој ќе помине неколку фази..и повторно да биде строго лимитирано, изјави за Алфа, д-р Ставре Грамов, психијатар.
Тој порачува користење на марихуна исклучиво кај лицата со здравствени проблеми.
Користењето на марихуната би ја издвоил само кај оние лица кои имаат здравствени проблеми.Кај здрави лица јас не би издвоил ниту една позитивна особина. Психоактивната суптанца THC предизвикува психолошка зависност, вели д-р Грамов.
Додека се чека почеток на дебата за легализација на марихуаната, производителите чекаат носење на нов закон кој ќе дозволи извоз во странство на цвет од канабис. Од здружението за канабис и зелени политики засега се внимателни по најавите за легализација на марихуаната за рекреативно туристички цели бидејќи стравуваат да не се случи истото сценарио како со легализацијата за производство на медицински канабис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.