Состојбата со епидемијата на корона вирусот во Македонија е се полоша. Земјава секојдневно урива нови црни рекорди по бројот на загубени животи од Ковид-19.
Од Министерството за здравство информираа дека во минатите 24 часа починале вкупно 26 лица, што е највисок број досега од почетокот на епидемијата.
Починатите лица се четворица пациенти од Скопје (69, 88, 83 и 60г), еден од Куманово (58г), еден од Штип (83г), четворица пациенти од Прилеп (66, 76,77 и 57г ) и четворица од Тетово (50, 67, 78 и 63г), еден пациент од Струга (82г), двајца од Велес (79 и 73г), двајца од Битола (72 и 84г), тројца пациенти од Охрид (57, 71 и 57г), еден од Гевгелија (87г), еден од Струмица (67г), еден од Кочани (70г) и еден пациент од Делчево (49г). Од нив, тројца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.
Од почеток на епидемијата, Македонија регистрира вкупно 1.136 смртни случаи од коронавирус.
Она што е забележително е што во изминатото деноноќие регистриран е поголем број на смртни случаи од оздравени пациенти. Министерството вчера информираше дека за оздравени се водат само 24 лица.
Бројот на активни случаи изнесува 15.589 од кои најголем дел се во Скопје, 7.114.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.