Во Македонија, засега, трета доза вакцина против ковид-19 можат да примат само лицата кои се на дијализа и кои имаат трансплантиран орган. Засега само американската агенција има дадено препорака за трета доза на Фајзер вакцина, но кај имуно компромитирани пациенти

Се уште траат испитувањата за тоа каков ефект има третата доза врз создавање на отпор кон коронавирусот. Американската агенција за храна и лекови (ФДА) има дадено препорака за трета доза на „Фајзер“ вакцина кај имунокомпромитирани пациенти, како и пациенти коишто се трансплантирани или пациенти коишто се на хронична дијализа. Европската агенција за лекови (ЕМА), се уште ја нема дадено таа препорака. Ги очекуваме препораките, како од производителите, така и од големите клинички студии. Тоа што во овој момент го знаеме е дека трета, бустер доза со производителот „Фајзер“, значајно ја зголемува ефикасноста, велат од Министерството за здравство за „Слободен печат“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.