Додека Македонија брои мртви од корона, Заев турка избори за фотелја.
Додека здравјето на граѓаните е загрозено, бандите на Заеви во Струмица делат поткуп.
Очигледно нервозата во СДСМ е голема. Тие не може да прифатат дека никој, ниту фамилијата Заеви, ниту нивните активисти да биде над законот. Фатени беа како го прекршуваат полицискиот час подготвувајќи партиски брендирани пакети, наменети за масовен поткуп на граѓаните. Згора на тоа кога беа откриени , Вице Заев шерифски се заканувал во полициската станица во Струмица за целиот случај да се забошоти.
Овој случај покажа дека лицемерите во СДСМ кои им проповедаат почитување на здравствените мерки, всушност го прекршувале полицискиот час за да може да се подготвуваат за избори, во време кога граѓаните се разболуваат и умираат.
Наводните хуманитарни активности на Заеви се превез за изборниот поткуп и тоа јавноста го дозна.
Лажните вести на Заеви не поминуваат. Почитувањето на законите и на мерките важат за сите и пакетите со грст странски производи нема да го променат мнението на јавноста дека се работи за неспособна власт која не може ниту здравствено, ниту економски да се справи со кризата. Напротив само го покажува лицето на Заев и СДСМ криминалните милионски тендери кои се случуваа да ги покриваат со пакет намирници.
На изборите, кога и да се случат, ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, а Заев и СДСМ ќе доживеат пораз од граѓаните, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.