На службениот меил денеска пристигна една песна од анонимен автор со псевдоним Една Македонка. Како што авторката наведува, таа претставува исповед и радост на семакедонската душа.
Песната ја пренесуваме во целост:
Македонецу,
радоста твоја
уште поголема при нас постана,
бидејќи сподели она кое срце сакаше да го прозбори,
мечти за слобода признаена искажа,
громови во дела незамолкливи
се претворија.
Не забележувај на неукоста
која битисување
во плашливост најде,
не забележувај на зборови
искажани
од дворски шутеви,
и еве не те храбриме или утешуваме
глава твоја високо да стои,
туку ти благодариме што мисли
удомени рашири по сите
вселени.
И затоа ти кој слобода на мисла
имаш
со име МАКЕДОНЕЦ
се нарекуваш.
ЕДНА МАКЕДОНКА
Преземено од Пресинг ТВ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.