По серијата замјотреси што ја погодија Хрватска изминативе два-три дена, многумина се понудија за помош, па на најпогодените им нудат смештај, храна и се што им треба да се снајдат по непогодата.

На социјалните мрежи се објавуваат вакви понуди не само од Хрватска туку и од регионот, а како што пишуваат хрватските медиуми, во Фејсбук групата „Земјотрес на локација Петриња“ е објавен статус од македонија, кој трогна многумина.

Ја нудам својата куќа во Скопје (Македонија) за 8 лица до 6 месеци (предност имаат луѓе со мали деца), исто така подготвен сум и да го платам патот до Македонија. Кога бев во тешка ситуација, една личност од Хрватска ми помогна многу, не можам да го заборавам тоа до смртта. Бог нека биде со вас браќа и сестри мои, нека ме контактираат во порака оние кои се заинтересирани. Нашите мисли се со вас, поздрав од Македонија – напиша Денис Синед.

Ваквиот негов статус доби огромно воодушевување, по што следуваа многу повратни коментари:

Тоа е срце македонско. Таму каде што сонцето вечно сјае, таму се нашите браќа од Македонија. Фала, фала.

 

Брате крал си, ти симнувам капа. Голем поздрав од Умаг.

 

Фала, плачам и не верувам. Има надеж за нас, има луѓе се уште. Фала му на Бог, да те чува и благослови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.