Македонската заедница во Нов jужен Велс во Австралија изрази длабока загриженост по повод плакати со расистичка и провокативна антимакедонска содржина залепени оваа недела низ Југозападен Сиднеј
Како што објави на ФБ профилот Австралиско македонскиот совет на Нов Јужен Велс, пораките наводно биле ширени од десничарски групи и биле поставени пред училишта, цркви и други јавни установи. Случајот бил пријавен до надлежните власти.
Југозападниот дел на Сиднеј важи за место со богата култура каде живеат различни заедници, и имало за цел да предизвика анксиозност и непријатност помеѓу припадниците на заедницата кон која биле насочени навредите.
Сличен настан, наводно се случил минатата година во Викторија од неидентификувана група која вандализирала свето место со слични навредливи пораки.
„Ваквите случувања не служат за друга цел освен да предизвикаат тензии и недоверба и да создадат поделби меѓу заедниците и граѓаните“, велат од Австралиско македонскиот совет на Нов Јужен Велс и при тоа повикуваат на смиреност, воздржаност и дијалог.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.