Според националната припадност на оние што одговориле дека ќе гласаат на наредните избори, кај Македонците за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 14,7 отсто од испитаниците, а за СДСМ -10,9 отсто. Се намалува поддршката на СДСМ кај албанското гласачко тело – пред една година беше 0,6%, а денес е 0,1 отсто, покажува најновата анкета на МКД.мк и Маркет вижн.
Во анкетата, во која учествувале 1200 испитаници, спроведена од 18 до 23 јуни со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер, на репрезентативен примерок на ниво на Македонија според: регион, пол и возраст во однос на проценките за населението од Државниот завод за статистика од 2019 година, ВМРО-ДПМНЕ е популарна партија во источниот регион во споредба со СДСМ – 20%: 8,9%, а СДСМ подобро стои во пелагонискиот регион 15,7%:12%.
На наредните избори 15,2 отсто од испитаниците рекле дека би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, a 13,5 отсто за СДСМ. Од политичките партии на Албанците во Македонија, ДУИ и натаму е во водство – 6,8 %, Алијанса за Албанците 3,4%, а за Беса би гласале 1,9 отсто од испитаниците.
Според националната припадност на оние што одговориле дека ќе гласаат на наредните избори, кај Македонците за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 14,7 отсто од испитаниците, а за СДСМ -10,9 отсто. Се намалува поддршката на СДСМ кај албанското гласачко тело – пред една година беше 0,6%, а денес е 0,1 отсто.
Се зголемува и заинтересираноста на гласачите за излегување на гласање – 66,5%, а со „не“ и „не знам“ одговориле 31% од гласачите. Одбиле да одговорат на ова прашање 2,5 отсто од испитаниците.
Извор: МКД.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.