Деновиве изгледа дека Македонците стануваат малцинство во нивната сопствена татковина. Македонското Собрание се претвори во уличен пазар. Тоа веќе не е место каде што се носат закони, и се дискутира за политиките. Таму сега се тргува со лукративни позиции во Владата, министерства и други функции. Најсвеж пример е како партијата на албанското малцинство Алтернатива реши да стане дел од режимот на Заев, и да му даде мнозинство на Заев, барем за уште неколку недели или месеци пред целата оваа кула од карти да се урне. Но Африм Гаши, лидерот на Алтернатива, успеа да изценка висока цена за да влезе во коалицијата – три министертва во Владата. Зависно од тоа како ќе се одвиваат натамошните преговори, можно е етничките Албанци да имаат десет министерства, а етничките Македонци да имаат исто десет. Но можно е пазарењата да се прошират, бидејќи водачите на етничките Албанци во Македонија како да забораваат дека има и етнички Срби, Турци, Роми и други во коалицијата – кои исто така ќе сакаат да бидат намирени. На крајот на краиштата, за да се задржи на власт (независно дали е премиер или не) Заев може да се согласи етничките Македонци да станат малцинство во македонската влада. А веќе имаме протести од некои од неговите други коалициски партнери, како ЛДП, ДОМ и ДС на Павле Трајанов – коментира Џејсон Мико, поранешен почесен конзул на Македонија во Аризона.
Тој во неговата последна колумна пишува:
Немојте да мислите дека албанските водачи не го следат овој процес внимателно. НИвните апетити само повеќе ќе растат. Како што вели американската историчарка Барбара Тухман, „апетитетот за моќ е стар и непотислив дел од човештвото, и неговото делување скоро секогаш е деструктивно“. Потребни се мудри и скромни поединци кои правилно ќе ракуваат со власта, а јас ве уверувам дека во оваа македонска Влада немате ни од едните ни од другите.
Да погледнеме пошироко во регионот, кон соседните земји. Знаеме дека во регионот и низ светот, на Македонците им се заканува исчезнување. Знаеме што Грција побара, и што се доби од режимот на Заев и од неговите шефови во американскиот Стејт Департмент, во ЕУ и во НАТО. Знаеме дека вековното име на Македонија беше истргувано за нешто што не е само помалку важно, туку е и лага. Знаеме дека ова негативно влијаеше врз македонскиот идентитет и врз македонската историја, култура, јазик… врз кои договорот со Грција продолжува негативно да се одразува. Секојдневно сме сведоци на овие последици.
Сега Бугарија го зема местото на Грција, во обид, по се изгледа, да ги докрајчи Македонците. Германскиот новинар Михаел Мартенс неодамна во „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ напиша дека „Има надеж дека новата Влада во Бугарија ќе стави крај на блокадата против отворањето на македонските преговори со ЕУ. Но можно е да бидат потребни години да се реши овој спор. Во Втората Светска Војна Бугарија ја окупираше Македонија. Повеќе од 7,000 Евреи беа однесени во Треблинка. Денес, Бугарија бара Македонија да не зборува за овој период како за ‘бугарската фашистичка окупација’. Ако не можеме да кажеме дека активното учество на една држава во Холокаустот било фашизам, за што можеме да кажеме дека е фашизам? Барањата што Софија и ги испорачува на Македонија едноставно се фалсификување на историјата. Ова е барање што Македонија не може да го прифати – во име на европските вредности кон кои вели дека претендира“.
Иако Бугарија сега има нова Влада, како што реков погоре, таа нема да се откаже од своите барања со кои Македонците, практично, се бришат самите себеси, и ќе извршат нешто што согодини наназад го нарекувам со зборот идентицид. Дополтниелно, нова анкета на Галуп спроведена во Бугарија покажа дека:
– Над 70 проценти од Бугарите сметаат дека решавање на спорот меѓу Скопје и Софија е повисок приоритет од патот на Скопје кон Европската Унија.
– Има практично едногласна согласност на бугарскиот електорат – над 80 проценти – од гласачите на движењето Продолжуваме со Промените и на ГЕРБ, дека решавање на спорот е приоритет, а влезот на Скопје во ЕУ ќе дојде дури потоа.
– 70 проценти од граѓаните анкетирани во јуни одговориле дека во спорот со западниот сосед, во најдобар интерес на Бугарија е да не го крене ветото. 19.3 проценти го мислат спротивното, а една десетина не се сигурни.
Со други зборови, јавното мислење во Бугарија е свртено против Македонија. Безмалку е невозможно ова да се смени на краток рок. Едноставно не може да се смени. А дури и ако новиот премиер и неговата партија зборуваат попријатно и звучат помирливо, тие нема да ја сменат својата позиција кон Македонија – подгответе се за дожд од вета. А ако режимот на Заев попушти и им даде на Бугарите се што бараат, тогаш едноставно ќе бидеме сведоци на исходот што го видовме и по потпишувањето на договорот со Грција – македонскиот идентитет, и се што доаѓа со него, ќе страда и ќе продолжи да страда.
Ќе го предвидам следното: Ако гласањето за влез во НАТО беше еднократен настан – секоја земја имаше по еден глас – процесот на станување на членка на ЕУ и дава на Бугарија можност постојано да отвора нови пречки за Македонија – да бара нови отстапки – при отворањето на секое од 30-те поглавја од преговарачкиот процес – а ви гарантирам дека Бугарија постојано ќе блокира.
Секако, ништо од ова не е предодредено. Не мора да значи дека ќе се случи. Но, на потег се Македонците кои веруваат во разликата меѓу доброто и погрешното, кои се доблесни и навистина веруваат во „вредностите“ за кои ви зборуваат, кои веруваат во потенцијалот на Македонија не само за оваа сегашна генерација туку и за идните генерации, но и за значењето на Македонија за минатите генерации. Вие, актуелната генерација, им должите на минатите и на идните генерации да ја заштитите Македонија и се што Македонија ја прави уникатна.
А сега одете и направете го тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.