Од Алијансата за Албанците реагираат по бегството на Никола Војновски, кој е осуден за обид за убиство на Зијадин Села при настаните од 27 април во Собранието.
Тие резигнирано контатираат дека „Македонија е земја на чудата“ и „дека се чини оти во Македонија затворите се изградени само за Албанците, а осудените Македонци може да избегаат или да се амнестираат“.

Оваа власт која дозволува бегство на криминалец осуден на 13 години затвор за убиство во обид, не може да ја заштити слободата на никого, бидејќи криминалот и корупцијата длабоко метастазирале во политичкиот менталитет на сите влади, па и на сегашната – велат од партијата.
Од таму упатуваат апел до Владата, Министерство за внатрешни работи, судовите и обвинителството да ја вршат својата работа во согласност со законот, да ги санкционираат сторителите на кривични дела, или во спротивно ќе се сметаат како соработници во криминалот и ќе сносат морална и кривична одговорност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.