Министерот за надворешни работи, Бујар Османи на својот Фејсбук-профил информираше дека од утре Република Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување на македонските државјани на нејзина територија.
Со последната одлука, Македонија од црвена е преместена во портокалова зона – објави Османи.
Забраната се укинува за сите кои имаат сертификат за вакцинација со поминати 14 дена од втора примена доза, сертификат за прележан Ковид, што важи од 11.т до 180. ден од денот на оздравување или негативен ПЦР тест не постар од 72 часа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.