Претседателот на огранокот на Социјалистичкото движење од Пустец, Панди Јани уште еднаш ги повика сите Македонци и воопшто сите граѓани во Македонија, со право на глас во вториот круг од локалните избори закажани на 31-ви октомври да излезат што помасовно и да ги поддржат кандидати на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Почитувани, браќа и сестри, на 31-ви октомври ве повикувам масовно да излезете и да ги поддржите кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, бидејќи се неопходни промени, сега и веднаш. Гласајќи за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, гласате против понижувањата и омаловажувањата кои што ни ги прави власта во заминување.
Затоа, ве повикувам на масовна излезеност и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, за една нова и поубава иднина, повикува Панди Јани.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.