Според хрватскиот весник „Вечерњи лист“, Бугарија има осум барања за тоа како треба да изгледа спроведувањето на договорот за пријателство со Македонија.
Весникот кој имаше увид во меморандумот споделен од бугарската дипломатија до земјите членки на ЕУ пишува дека дека на Македонија и се заканува блокада за почетокот на преговорите со ЕУ од страна на Бугарија кои бараат македонскиот јазик да се нарекува исклучиво „официјален јазик на Република Македонија“.
Процесот на проширување не смее да го легитимира етничкиот и јазичниот инженеринг што се случи за време на поранешните авторитарни режими, напиша бугарската дипломатија во документот споделен со другите земји-членки.
Комитетот на постојани претставници во кој членуваат амбасадори од сите земји-членки на ЕУ, разговараше за ова прашање на вчерашниот состанок на Советот на ЕУ во Брисел.
Бугарскиот претставник дистрибуираше „меморандум за појаснување“ во кој се истакнува бугарската верзија на историјата во која придавката „македонски“ не означува национален идентитет, туку географско потекло затоа што „географски и историски Македонија е област која денес лежи во границите на шест држави, објаснуваат Бугарите.
Тие додаваат дека Јосип Броз Тито наметнал „нов идентитет“ на луѓето кои претходно се декларирале Бугари, Србите подоцна сакале да ги идентификуваат како „јужни Срби“, а Тито ги прогласил за Македонци. И тој го стори тоа, пишуваат Бугарите, инспирирани од одлуките на Коминтерната.
Вечерњи лист потсетува дека земјите-членки на ЕУ „сакаат официјално да го наградат Скопје за напорната работа на почетокот на преговорите со ЕУ, и дека Владата на Заев исто така се согласи да го смени името на земјата со цел да се отстранат пречките за почеток на преговорите кои доаѓаа од Грција…
Беше потпишан договор за пријателски односи со Бугарија, кој требаше да ги отстрани бугарските пречки. Но, Бугарите продолжуваат да се закануваат со вето.
Осум специфични барања се однесуваат на толкувањето на Бугарија за тоа како треба да изгледа примената на потпишаниот договор за пријателство со Македонија во пракса.
Македонците треба да се согласат дека во Бугарија нема македонско малцинство. Жртвите на југословенскиот комунистички режим кои страдаа затоа што се прогласија за Бугари треба да бидат рехабилитирани.
Преку работата на заедничката комисија од историчари и други експерти, двете влади треба да се договорат за „клучните фигури и настани од нашата заедничка историја до 1944 година“, пишува Вечерњи лист.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.