Со вкупно 71 починат од болеста ковид-19, односно со 34 починати на 1 милион жители, Македонија е апсолутен неславен шампион во регионот Западен Балкан и во споредба со сите соседни земји. Македонија е вицешампион (зад Србија) и во поглед на бројот на вкупно заразени на популација од 1 милион жители – 682, пишува Бранко Героски во својата колумна на „Плусинфо“.
Еве, ова се последните податоци на worldmeters.info:
Патем речено, една мала, но важна дигресија – ние веќе заборавивме кога последен пат е направен попис во нашата земја, а worldmeters.info очигледно оди со проценката дека во нашата земја живеат повеќе од 2 милиони жители. И на врапците им е јасно дека тоа не е точно, што ќе рече дека бројот на починати и на заразени на 1 милиони жители сигурно е уште повисок.
Точно е дека бројот на заразени е во корелација со бројот на тестирања. Но, треба да се знае дека според последните податоци од 28 април, Македонија, со 7.570 тестирања на 1 милион жители, во оваа група земји сега е подобра само од Албанија и од Бугарија – Србија бележи 8.396, Босна и Херцеговина 8.413, а Хрватска 8.179 тестирања на 1 милион жители. Ако ги ставиме во корелација бројот на тестирања и бројот на позитивни, само Србија открила повеќе заразени со коронавирусот од Македонија.
Но сепак, најмногу загрижуваат податоците за смртноста од опаката болест. Смртноста во Македонија, освен што е највисока во регонот и во нашето соседство, е и четири пати повисока од таа во Бугарија, три пати повисока од таа во Албанија, скоро три пати повисока од таа во Грција и безмалку два пати повисока од таа во Србија!
целиот текст тука
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.