Почитувани од самото формирање ВМРО-ДПМНЕ беше единствената политичка партија во Република Македонија која се залагаше за влез во ЕУ и НАТО, пишува на Фејсбук генералниот секретар на партијата Ѓорѓија Сајковски.

Приложувајќи документ од 1895 година, Сајковски сака да ги врати „оние кои се двоумат“ и да им каже „кои се, кои биле и такви треба и да останат Македонци, каде и да се“.

До денес останавме доследни на оваа определба. Но за неверување се некои понижувачки барања на Бугарија, исто за неверување се ставовите на некои домашни политичари и луѓе од власта. Чудно е како може човек да заборави од каде е, што е и кој е. Жално е да ги заборавиш зборовите на предците кои ти кажале кој си од кај и зошто си таков каков што си и дека Македонец си.
Кој ни кажува што сме: комисијата, бугарската влада, нашата влада или нашите предци, прашува тој.

Македонци бевме 1895, Македонци сме и денес
Почитувани од самото формирање ВМРО-ДПМНЕ беше единствената политичка…

Posted by Ѓорѓија Сајкоски on Wednesday, 4 November 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.