Aмериканскиот државен секретар Мајк Помпео следната недела патува за Ватикан, Црна Гора, Македонија и Грција, објави Стејт департментот.
Во Македонија Помпео ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев. Во Охрид ќе го посети манастирскиот комплекс „Св. Богородица Перивлепта“.
Од тука заминува за Атина, Грција, каде ќе се сретне со премиерот Киријакос Мицотакис и шефот на дипломатијата Никос Дендиас.
Помпео оди и во Италија каде ќе се сретне со Папата Францис и ќе учествува на меѓуверски симпозиум организиран од Ватикан. Во Рим ќе има средби со претседателот Серџо Матарела, премиерот Џузепе Конте и министерот за надворешни работи Луиџи Ди Мајо.
Во Црна Гора ќе има средби со претседателот Мило Ѓукановиќ, премиерот Душко Марковиќ и министерот за надворешни работи Срѓан Дармановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.