Махерите за дефокус од Фирербункерот на паднатиот Заев со сите сили наметнуваат теми за да не се збори за врвот на Заевизмот- за оставката! И за тоа го поднаместија Бујар Османи. Дали за тоа бил задолжен Артан Груби или Бујар сам „се нализга“ не знам. Но, знам дека се работи за обид за дефокус!, коментира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
Се обидуваат фокусот да го стават врз заклетвите во локалните совети. Исценирани се случувања, напуштање на советници од СДСМ во Штип, за да се крене некаков медиумски спин, и на крај да се заврши со некаква реакција од Бујар и МНР.
Тоа е истото она МНР кое што се крие „под кошула“ за сите антимакедонски ставови коишто доаѓаат од соседството, сега реагира за совети во општини?
Но, да ја погледнеме суштината на ваквата реакција на Бујар, којшто по најавата на Заев и самиот е министер во оставка. Министер за надворешни порачува што да употребуваат Советите на општините. Не само што излегува од рамките на своите ингеренции (та, нели децентрализација?), не само што немаше никаква реакција за брутална антибугарската пропаганда ширена директно од власта и Заев во кампања (што всушност му е работна задача), туку и навлегува во тема за која што нема ама буквално никаква правна смисла.
Да речеме, што да прават во Советот на Општина Гази Баба? Таму во мај 2019 година изгласано е да не биде сменет печатот, а со тоа и сите останати службени општински носечки документи, каде што стои „Република Македонија“. Одбиен беше предлогот од градоначалникот од СДСМ, а заклучокот беше прашањето да се врати на дневен ред за една година. И од тогаш-ништо!
Оваа вест тогаш одекна посилно од актуелнава режирана ситуација. Но, ниту Никола Димитров, тогашен шеф на дипломатијата, ниту Бујар Османи последните година и половина како што е министер, немаа никаков интерес да се мешаат во работата на Советот на Гази Баба, а не, пак, да иницираат промена на името Република Македонија на локално ниво, коешто впрочем е и дел од грбот на општината.
Две и пол години ништо, за сега да се крева џева?
По сето ова, сега се наметнува прашањето, дали можеби Бујар Османи и МНР не прават притисок врз советниците во Гази Баба, каде што според општинските документи стои Република Македонија, да кршат закон? Поинакво толкување јас немам!
Се на се, мислам дека МНР и Бујар Османи не би требало да се мешаат онаму каде што не им е место. Воопшто не им е место! Исто како што на Османи не му беше место да проверува двојазични табли, наместо да брка евроинтеграции, за што тогаш беше надлежен. Сега Македонија е девастирана на меѓународно ниво, со загубен рејтинг и се’ подалеку од ЕУ, токму заради тоа што повеќе од 4 години Бујар не си ја работат работата. Ама затоа Бујар се меша во совети!
Притоа, да, и мешањето на Османи во оценки дали Заев требало да дава оставка е вон неговиот опфат на работа. Подобро да види што би се преземало околу реакцијата на бугарскиот министер и неговите поплаки за тешка антибугарска кампања за време на изборниот процес, што потекна директно и гласно од Заев, отколку да се занимава со заклетви на локални совети.
Мислам дека на сите им е јасна пораката од изборите дека доста е тресење „зелени“, дури тоа тресење да доаѓа и од „Зелениот Министер Бујар“ или од „Првиот Зелен Вицепремиер Груби“! – пишува Стоилковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.