Имаме работа со влада за која магарињата вредат повеќе од човечките животи. Оваа магарешка влада на Заев е најнеуспешната во овие 29 години независност. Ако мислевме дека транзицијата беше нашиот најтемниот период, Заев со неговото работење не разубеди дека и од лошото има и полошо, рече на денешниот протест лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски додаде дека одговорноста не само кај Лидија Димова, туку таа е пример за лошото работење на целата влада.

И да не се чудиме. Иако сакаат да ја локализираат одговорноста во само еден човек Лидија Димова, можам искрено и од срце да ви кажам дека не е таа причината за лошото раководење на институциите. Таа е последица и добар пример за лоша работа, за тоа како се краде народот, а богами и европските пријатели. Ваквите магарешки работи на Заев се само неморалната вертикала во македонската политика каде се срушени сите граници за политичкиот морал, рече Мицкоски.

Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ власта е во фаза на пред византиска пропаст.

Каде опиени од власт, од многу пари, беззаконие и политички блуд добиваат лажна сила, и надменост иако внатре се е труло и фиктивно, како што е фиктивен оној бројчаник кој Заев го ветуваше на Триумфалната порта, а никогаш не проработе. Сеачи на магла се тие. 4 години убедуваат дека само што не ни тргнало, а станало од ден на ден се полошо и полошо. Ниту еден проблем не решија, ниту едно прашање достоинствено не затворија, рече Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.