На парламентарните избори во Штип кои се одржаа оваа година на 15 јули вкупно гласале 24.067 избирачи од кои 10.141 за ВМРО-ДПМНЕ, а излезеноста од вкупниот број на избирачи била 56.88 проценти.

Денеска пак до 18:30 часот излезеноста била 34.30 проценти, односно согласно бројките од 18.30 часот имаме пад од 32% на излезноста на изборите. Односно излегле околу 9.500 гласачи помалку од изборите одржани во јули оваа година.

Како за пример, во 2017 гласале вкупно 29.254 гласачи, односно 69.39% од вкупниот број на избирачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.