Со паролата „Скапа струја, сиромашен народ“ пред Министерство за правда почна првиот од серијата граѓански протести на ВМРО-ДПМНЕ против поаскапувањето на струјата.

Откако пристигнаа лидерот на партијата Христијан Мицкоски и членовите на потесното раководство, учесниците на протестот се упатија кон седиштето на Регулаторната комисија, каде шт ќе се обрати Мицкоски.

На протестот се слуша скандирање, учесниците извикуваат „оставка“, „мафија и „мафија на робија“, а некои носат и транспаренти со пораката „Заев полни џеб, народот нема леб“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.