За овчарот Златко Божиновски немаше амбулантно возило за да му се спаси живот, но за забава на Зоран Заев и Венко Филипче имаше хеликоптер?!Доколку имаше хеликоптер и Божиновски на време ќе беше пренесен во здравствена установа и наверојатно ќе беше жив, тврдат од ВМРО ДПМНЕ.
Институциите и функционерите целосно незаинтересирани си ја префрлаат вината, одговорност за нив не постои. И за смртта на овчарот Божиновски на крајот виновни ќе бидат службеници во институциите, а забеганоста на Филипче и Заев кои летаат со хеликоптери од забава ќе биде амнестирана.
4.100 жртви од корона вирусот одат на совеста на Заев и Филипче.
Што треба да се случи за Заев и Филипче да сфатат дека дека треба да заминат од функциите по што ќе одговараат? Крвави се нивните раце и треба да одговараат за смртта и погромот во Македонија.
Забеганоста на Заев, Филипче, како и таа на Николовски Путерот кој среде пандемија замина на одмор во Дубаи, а Рашкоски во Мексиско треба и ќе биде казнета. Мафија е кога во државата за рекет, за легални пасоши со лажен идентитет на нарко – босови одговораат службеници, а не главните криминалци сместени во политички фотелји. Мафијата мора да се соочи со одговорност.
Само така граѓаните ќе се спасат, велат од ВМРО ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.