Политичкиот аналитичар Илир Лума, за денешната лидерска средба помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на која меѓу другото се прифати барањето на Мицкоски за одложување на пописот, вели дека со тоа поентираше Мицкоски и сега тој е во предност во однос на Заев.

Во емисијата „Клан дебата“ на телевизија Клан исткна, тој истакна дека следно што следи по денешната лидерска средба Мицкоски да издејтвува, односно да создаде предуслови за предвремени парламентарни избори, кои според него најверојатно ќе бидат заедно со локалните.

„Со овој потег, Мицкоски премина во водство и тој ќе направи се за да го принуди  Заев за да создаде предуслови за предвремени парламентарни избори кои со сигурност ќе бидат заедно со локалните. И самиот факт со проблемот со кој се соочува оваа Влада со Бугарија, може да добие некои поени со носењето на некои клучни закони, како законот за државјанство“, истакна аналитичарот Лума.

Тој исткна дека е убеден дека сега веќе Мицкоски е во преднос и дека, според него, на парламентарните избори Заев ќе изгуби.

„Јас сум убеден дека Мицкоски сега веќе е во предност и на парламентарните избори, според мое мислење, Заев лошо ќе загуби“,

Тој додава дека  дека Заев ако сакаше да ја задржеше предноста не требаше да го прифати барањето на Мицкоски за лидерска средба на која разговараа за важни прашања за државата како на пример одложувањето на пописот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.