Лулзим Сулејмани во разговор за ТВ21 вели дека понудата на Беса Транс била примамлива, па така се одлучил да резервира за него и неговата свршеница.
Екскурзијата беше многу добра. Имавме и водич, кој не водеше секаде. Беше прекрасно. И шоферите беа добри, беа два и патот беше многу добар. Во двата правци имавме паузи. Во автобусот беа добри, ни даваа кафе, пијалаци, имавме паузи и така.“, изјави Сулејмани.
Автобусот бил добар, но не знаеле дека нема лиценца.
Патот не беше тежок. Не возеше брзо. Нормално, како што вози автобус, 100. И автобусот беше добар, а за лиценцата не знам.“, вели Сулејмани.
Лулзим се уште е во шок. Вели дека не може да спие, а сликите од трагедијата постојано се вртат во неговата глава. Еднаш неделно посетува психијатар во болницата во Врање.
Се ми се повторува во главата, 24 часа откако… Бидејќи јас бев буден и видов се од трагедијата и сега се ми се врти во главата. Сега не можам да спијам како претходно… Се будам, не можам да спијам, спиеш само 1-2 часа. Кога ќе се пробудиш, потоа не сакаш да спиеш. Не е како што беше…, вели Сулејмани.
Целиот текст овде.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.