Предновогодишната еуфорија ги зафати граѓаните. Полни кафеани, промоции, прослави… Се слави во затворени простории, без маски. И покрај апелите да се заборави на славите и прославите, се прават собири, забави до утринските часови.

Аналитичарот Ивор Мицкоски на оваа тема напиша:

Кога гледам слики како луѓево се расфрлани по кафани и прослави, просто се прашува човек, да не сме ние од друга некоја планета, можеби за нас важат други природни закони, можеби некоја институција треба да помисли на превенција и поттикнување самоконтрола.
Не се работи за морализирање, ме заболе више, секој нека си прави што сака, тука и онака не можеш тројца да споиш за добро, само за криминал и лошо.
Ама бројките ќе рипнат, тоа е неизбежно, може нема да се умира како до вчера, ама системот пак ќе страда, луѓе ќе останат без нега, доктори ќе поцркаат од работа.
Пак ќе кажам, тука колективни решенија не ни очекувам, а приватно воздржување е права реткост, така да, сите ќе си добиеме и што ни следува и што не ни следува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.