Луѓето секако ќе заминеа во излетничките места, одговори министерот за здравство Венко Филипче, на новинарско прашање дали пренатрупаните туристички центри во државата ќе бидат потенцијална опасност за ширење на вирусот.
Нема простор да се споредуваме со Италија точно се познати мини кластерите и тие се во изолација и ова рестрикција е да се ситгне до второ, евентуално трето колено. Луѓето секако ќе заминеа во излетничките места, ќе заминат и следните викенди, не можеме и не треба да го запреме движењето, потребно е носење маска и дистанца и асимтпоматски носител да не го пренесе вирусот, рече министерот.
Според Филипче, очекувано е што поголем број граѓани заминале на продолжен викенд.
Сметам дека можеби нешто поголем број граѓани заминаа, но тоа е доказ дека колкав и број на граѓани да заминуваат, а во продолжен викенд се очекува да се наполнат турустичките центри, мора да се почитуваат мерките, секој следен викенд ќе биде со убаво време и е можност луѓето да заминат во туристичките места, во следните чекори планираме отворање на хотелите, каде и да одат овие превентивни мерки се универзални важат за секого и секаде, маска, дистанца и често миење на рацете, изјави Филипче.
Според министерот, најдобра порака до граѓаните е без разлика каде заминале да не се групираат, а доколку се во поголема група да одржуваат дистанца и да носат маски.
Нема да може да се справиме со вирусот ако граѓаните не се придржуваат до мерките, тоа се универзалните правила врз основа на кои се темелат принципите на превенција и спречување на ширење на вирусот. Каде и да заминале ако носат маска и има дистанца нема да биде проблем, доаѓаат летни одмори и викенди со убаво време, и во Скопје ќе има поголема фрекфенција на движење, само превентивните мерки се начин да се спречи ширење на вирусот, додаде Филипче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.