На новинарско прашање за владината одлука времено да им се пружи заштита на граѓани на Авганистан, кои се наоѓаа во животна опасност, портпаролите на Владата истакнаа дека со овој гест земјата учествува во една голема светска хуманитарна операција и дека граѓаните на нашата земја треба да бидат горди на тоа, бидејќи се помага на луѓе кои се наоѓаат во животно загрижувачка ситуација.

Арсовски рече дека не станува збор за бегалци, туку за луѓе кои работеле во меѓународни организации и кои се на привремен престој во земјава.

Со целиот капацитет се насочени сите сили на институциите на државата да им се помогне на овие луѓе кои не се бегалци, туку се луѓе кои се вработени во меѓународни организации и кои доаѓаат во Македонија одреден период додека да се средат сите документи за нивно продолжување до крајната дестинација – САД или трети држави, изјави денеска владиниот портпарол Душко Арсовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.