Ацо Велковски

Градоначалникот Ацо Велковски е роден на 29.12.1977 година.

*Биографијата е преземена од официјалната страница на општината

Изборот на првите 30 канидати за градоначалници од СДСМ не донесе нови имиња. Барем не чесни и одговорни луѓе, како што ги претстави партискиот претседател Зоран Заев. „Чесните и одговорни“ Петре Шилегов, Велимир Смилевски, Филип Темелковски, Сашко Николов, Константин Георгиевски, Аце Велковски добро ѝ се познати на целата јавност, а особено на оние кои ќе треба да ги гласаат и лично ги осетиле на кожата.

Како то најавивме, во наредните денови ќе ве потсетиме на делата и злоделата на старо-новите имиња на СДСМ, зашто лошите дела се забораваат, но и се казнуваат.

Можело повеќе, но тоа што е досега направено е најдобро од тоа што претходно е направено во споредба со нашите противници. Да се прашував само јас, можеби и ќе сум барал друг кандадат, но ако се прашуваат граѓаните, тие стојат доминантно зад градоначалникот на Лозово Аце Василевски, рече синоќа претседателот на СДСМ Зоран Заев за човекот кого претходно го нарече локален шериф.

Значи, жителите на Лозово така сакале. Сакале локален шериф кој не им служи достоинствено да ги малтретира и во наредните четири години. Бре, мајката!

Сигурно тоа биле оние избрканите од работа, или пак сиромашните на кои им се заканувал. Но, можеби биле и малтретираните службеници од општината… а, сепак, можеби така гласале оние на кои им го донира шпоретот што му се падна на наградна игра од општината…

Кандидатот за градоначалник на општина Лозово, актуелниот Ацо Велковски од 17 ноември 2018 година до 20 април годинава отсуствувал од работа 188 дена. Од тие 188 дена дури 175 дена Велковски престојувал во Германија, каде што се наоѓа неговото семејство. Колку може да има допир со реалноста човек чиешто семејство не живее со проблемите и предизвиците на оштината со оја раководи, веројатно знаат само од СДСМ.

„Подобро одете си сами отколку јас да ве избркам“, била првата реченица со која градоначалникот на Лозово Ацо Велковски пречекал дел од вработените на првиот негов работен ден во 2017.

Снежана Цветковска, која веќе 11 години работела во општината како хигиеничарка и кафекуварка, прво била казнета зашто ги мие чашите и шолјите во општинската кујна, за потоа да биде опомената зошто не се измиени.

Вработените имаат забрана да комуницираат со мене, немам столче, греење, имам забрана за телефон, вели Цветковска.

Оттука, јасно како ден е дека Цветковска и нејзиното семејство со „нетрпение“ чекаат да го гледаат Василевски уште еден мандат во општината.

Вибер преписки меѓу градоначалникот и партиските активисти: Оргaнизираат oмaловажување на хигиеничарката, мecтат анкети и плашат глaсачи

Се сеќавате на шпретот што без „лажи и преваре“ ѝ се падна на лотарија на ќерката на градоначалникот? И тоа токму така, не на Вероника Василевска, туку на „ќерката на нашиот градоначалник Аце“. Секако, после великодушно го донираа. Најважно што не смее да се заборави, и скутер да им се паднеше, ќе го донираа.

А се сеќавате на Виолета Спасова Колева? Колева веројатно го држи рекордот во добиени дисциплински постапки од страна на Аце Велковски, зашто во три години откако тој е прв човек на општината таа дури 6 пати морала да се појави на сослушување пред дисциплинската комисија за на крајот, општината да ја избрка од работа и тоа во време кога била бремена со нејзиното второ дете.

Покрај овој и сличните случаи на мобинг од страна на Велковски, тој во јавноста ќе остене запаметен и како човекот кој сакаше да собере дневно-политички поени од маката на Атиџе Муратовска.

Аце Василевски ѝ ветува мед и млеко на Атиџе Муратовска (фото: Општина Лозово)

Кога „Медена земја“ го одеше патот кон „Оскарите“, тој вети вработување и нов кров за куќата на Атиџе, па дури и снимање на две песни во професионално музичко студио.

Денес општина Лозово ја посети нашата национална хероина Атиџе Муратова, Ѕвездата од „Медена земја”.

Среќна, насмеана и радосна од веста што општина Лозово и јас како Градоначалник дадовме ветување дека ќе се погрижиме за куќата на Атиџе да добие нов кров.
По завршување на турнеите и земањето на🏆🏆 оскарите, Атиџе ќе биде работно ангажирана во општина Лозово.
Исто така ветив, дека нејзините две песни, ќе бидат обработени целосно со музички 🎼аранжман и ќе може да ги испее и сними професионално во музичко студио, напиша градоначалникот Ацо Велковски на Фејсбук.

Одбивав да ги задоволам фрустрациите на градоначалникот на Лозово па добив отказ, сведочи Горанче Велков, кој ја извршувал функцијата директор на основното училиште.

Општината не ги покривала тековните трошоци за училиштето, а како што вели Велков, градоначачникот спровел и низа контроли – интервенирала и полицијата од оделот за економски и финансиски криминал.

За незабоавање е и фактот дека во општина во која се вработени 12 службеници, за 3 години поведени биле речиси 30 дисциплински постапки. Згора на сѐ, четворица од оние кои Велковски ги зел на пик се членови на Дисциплинската комисија.

И десетчленото семејство од Каратманово на партиската анкета сигурно „се одлучило“ за Василевски. За нив пресудни биле зборовите на градоначалникт „Јас ти ја дадов социјалната помош, јас и ќе ти ја скинам“.

За сево ова Василевски подготвува биографија. Вели хајка било, ВМРО-ДПМНЕ го мрази, а Лозово го сака.

Народот во Лозово ме сака, а јас без двоумење, со сите сили ќе се борам за вториот градоначалнички мандат, бидејќи веќе докажав со работа дека сум компетентен за оваа функција.
Тоа што го сработив за помалку од четири години во општината, моите претходници не можат на кантар да го мерат, нема споредба. Луѓето кои добро ме познаваат се свесни за мене и моето семејство, за нашите човечки квалитети и пред се желбата за напредок на секое поле во Лозово. Делата нека зборуваат – вели Велковски.

Тоа беше смислена хајка од страна на ВМРО! Синот на едната жена која ме обвинуваше е претседател на ВМРО во Лозово, другата, ете целата јавност виде дека се кандидираше за градоначалничка, а е во блиски релации со високи функционери од ВМРО.

Ќе чита јавноста за се низ што поминав, за целата хајка која дури и се уште трае, повеќе од три години. Ќе дознаат сите за патолошката бременост, за сплетките и игрите кои ми се сместуваа, само поради тоа што посветено си ја вршев функцијата. Мојата биографија наскоро ќе биде готова, ќе се расветлат настаните за кои цела земја зборуваше, а само оние кои добро ме знаат, ја знаеја вистината, појаснува градоначалникот.


Продолжува



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.