Ќе му се суди на поранешниот владин генерален секретар, Драги Рашковски, како и на уште шест други лица. Кривичниот суд го прифати обвинението на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за проблематичните набавки на софтвери – за брзина на возилата во сообраќајот и за биометриска идентификација, сè на сè – четири набавки. Меѓу нив и лични патентирани софтвери на Рашковски.
Му се ставаат на товар две кривични дела – перење пари и злоупотреба на функцијата. На останатите шестмина ќе им се суди за помагање.
Денеска е лош ден за порашениот генерален секретар на владата откако неговото семејство реагираше што Антикорупциска комисија го проценила возилото Доџ Вајпер на сопругата на 50.000 евра а се работело за крш од автомобил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.