Новинарот Љупчо Златев со статус на Фејсбук реагира на твитот на Ванчо Ордановски во кој тој навреди неколкумина македонски новинари, а потоа го избршиша твитот.

Со мало задоцнување ја гледав емисијата “Заспиј ако можеш”, во која колегите Горан Момировски и Драган Милосављевиќ го објавиле кривичното дело на Ванчо Орданоски, инаку брат на Сашо Орданоски кој доби 350.000 евра државни пари.

Имено, дотичниот пивикал на насилство врз мене и колегите Снежана Лупесвска, Оливера Трајковска, Мери Јордановска, Горан Момировски и Драган Павловиќ – Латас.

Искрено, не сум толку потресен од ова што Орданоски и уште некој таму доле во коментари повикале да бидам убиен. Од болен човек не можам да бидам огорчен, можам само да се молам за негово спасение и скорашно опоравување од неговата очигледна психичка болештина. Такви работи, здрав човек не пишува.

Но, огорчен сум од институциите кои наместо лудачка кошула на Орданоски помладиот (или постариот) му дале 350.000 евра за проект кој никогаш не е реализиран.

Во исто време, јавно се изјаснувам дека не би сакал за овој случај да реагира обвинителството. Вака мислам затоа што за ова поведение надлежни да реагиеаат се само институциите кои со жолти комбиња собираат лудаци, пишува Златев на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.