Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски не бил човекот кој го спроведе најголемиот поткуп, смета лично тој. ВМРО-ДПМНЕ, пак, мисли спротивно. А тука некаде, меѓу личното мислење на министерот и партискиот став на ВМРО-ДПМНЕ се најдовме ние ни криви ни должни.
Министерот Елиот Нес смета дека „Република“ му го нарушува угледот и треба да го повлече текстот и веднаш да му се извини. Наша обврска е неговата реакција да ја објавиме во целост и тоа ќе го сториме.
Oткако си ја исполнивме обврската, го прашуваме Елиот Нес дали се навредил исто толку и од А1он, Макфакс, 24 инфо, Канал 5….. и едно брдо медиуми кои ја пренеле истата прес-конференција. А Љупче, да си ѕирнеш на Тајм.мк, па во истата тужба со која ни се закануваш нам, да ги ставиш сите медиуми, па сите кои сме пренеле прес-конференција на опозицијата да нè замолчиш.
Така почнува борбата со корупцијата во Македонија – со фластер преку устите и превез преку очите на јавноста. Пријателски совет, Љупче, со камшик по медиумите Елиот Нес не се станува. И следниот пат да си го прочиташ текстот, да не те лажат дека „Република“ те навредила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.