Европскиот суд за човекови права пресуди дека на поранешниот министер за одбрана Љубен Пауновски му било нарушено правото на судење во разумен рок, но ги одби жалбите за повреда на други права од конвенцијата, пренесе телевизија Телма
Судот по основ на констатираната повреда му досуди надомест на штета во износ од 900 евра, и уште 800 евра за покривање на трошоците.

Во април 2007 Пауновски беше осуден на три и пол години затвор. Обвинението го товареше за проневерени на над милион и пол евра во 2001 година. Беше осуден поради злоупотреба на службената положба и овластувања во време на конфликтот 2001, наводно преку два договора направени со фирма на негови роднини, а со кои државата Македонија била оштетена за три милиони тогашни германски марки.
Во Стразбур оцениле дека во неговиот случај има повреда на правото на правично судење во разумен рок. Пропусти имало во презумпција на невиност, немање време за делување на одбрана и недопуштеност во сведочење
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.