Мислам дека е дојдено време за еден Тв Дуел на Тв Алфа, медиум на вардарскиот четнички корпус – напиша на својот фејсбук профил поранешниот премиер на Македонија, Љубчо Георгиевски.

Неговиот предлог е да бидат повикани на ТВ дуел тој и познатиот македонски уредник, Драган Павловиќ Латас.

Љупчо Цветкоски да го води а јас со Латас да дебатирам. Се надевам дека нема да избегаат- стои во статусот на Георгиевски, кој веројатно мисли на новинарот Љупчо Цветановски, водител на „Што не е јасно“ на ТВ Алфа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.