Решението со Бугарија не е во попуштање, затоа што Бугарија постојано ќе излегува со нови барања се додека не го оствари својот Сан-стефански сон кој кој е дел од официјалнта бугарскарска политика. Да прифатиме дека имаме бугарски корени, е исто како да прифатиме дека сме Бугари, а тоа е неприфатливо и невистинито, вели историчарот Александар Литовски, дел од заедничаката комисија со Бугарија, за „Утрински Брифинг“ на Слободна ТВ.

Литовски потенцира дека е јасно кои биле антифашисти, а кои фашисти во Втората светска војна тој факт голем историски не може да се игнорира затоа што на некој му притекнало да ја условува Македонија со влез во ЕУ и да го заборавиме тоа што сакаат да се заборави.

– Не се работи само за Втора светска војна, Бугарија го има Сан стефанскиот сон и тој стои 50 години, и секогаш ќе ја тера таа политика, дури и да им се попуштат некои работи, по 6 месеци ќе следат нови барања, затоа што Бугарија има стратешки национални барања поврзани со Сан стефанскиот сон и упорно ги тера. Затоа решението не е во попуштање на барањата на Бугарија, потенцира Литовски.

Тој додава дека крајната цел на бугарската политика на сите бугарски влади дури во двете светски војни влегоа за освојување на Македонија и оваа територија.

– Официјалната бугарска политика, воени личности, оние што ја прават стратегијата и политиката се во филмот на Сан стефанска Бугарија и остварување на тој големобугатски сон и тоа е тоа што ни го нудат отприлика. Да признаеме дека имаме бугарски корени тоа е исто како да признаеме дека сме Бугари, а тоа е апсолутно неприфатливо и невистинито. Историјата е дел од националниот идентитет, мора да се сфати дека националната историја е дел од националниот идентитет исто колку и македонскиот јазик, нагласи Литовски.

Според него без доволен силен притисок од Берлин и Вашингтон нема Бугарите да ја пуштат Македонија некаде подалеку, се додека не го остварат тој Сан стефански сон.

Тој исто така посочи дека историјата треба да работи без притисок од политиката, но и да не се создава општ притисок од аматери и историчари на кои не им е специјалност тоа што го коментираат.

Излегуваат и аматери со ставови за историјата, излегуваат и професионалци, најчесто не се ни специјалисти дел од историчарите за она што зборуваат и се прави атмосфера општа на притисок, каде што мора луѓето да заземат страна. Би било подобро кога не бии било толку напнато на историски теми и историчарите би можеле да работат многу порелаксирано од тој политички притисок, рече Литовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.