Пратеничката Лилјана Поповска (ДОМ) емотивно се обратила пред колегите од хрватскиот Сабор, на денешната средба во Собранието, со голема вознемиреност заради можното недобивање на датум за преговори со ЕУ, дознава Магазин од собраниски извори.
Во своето емотивно обраќање пратеничката Поповска истакнала дека пратениците од собраниското мнозинство изгласале се што било побарано од нив, па дури и претешките отстапки како договорот со Атина, договорот со Софија и болното менување на Уставот.
Со гласањето за смена на името и за смена на Уставот ние ги предадовме нашите идеали, и ќе биде голем срам, ќе предизвика голем политички потрес и фрустрации во државата доколку сега ЕУ повторно не ни додели датум за почеток на пристапните преговори, истакнала драматично Лилјана Поповска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.