Обвинителката од Специјалното јавно обвинителство, Лиле Стефанова била повикана од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, дознава „Пресинг Тв“ и таа во својство на сведок за случајот „Рекет“ треба да се појави во Обвинителството во вторник.
Како што неофицијално дознаваме следна на сослушување ќе биде повикана и специјалната обвинителка Катица Јанева.
Стефанова вчера преку соопштение објавено на веб страницата на СЈО и се спротивстави на Јанева во врска со предметот „Империја“ и првпат дојде до нивно јавно разидување.
Стефанова во соопштението тврди дека таа не била известена за издавање на времената патна исправа на Орце Камчев и дека таква согласност била донесена додека таа била на одмор. Разидување имаше и околу мерката притвор за Камчев да биде заменета со мерката куќен притвор, како и налогот на Јанева обвинетите за предметите „Империја“ и „Поштенска банка“ да бидат затворени и осомничените да не одат во затвор, додека таа инсистирала на затворски казни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.