Рената Стефанова, ќерката на обвинителката Лиле Стефанова од Јавното обвинителство за организиран криминал, пред повеќе од пет години како тогаш 21-годишна невработена девојка успеала да купи стан во вредност од 75.000 евра во луксузниот објект на „Адора Инженеринг“ близу центарот на Скопје, но нејзината мајка не го пријавила во анкетниот лист, покажуваат податоците кои на својот фејсбук профил го објави новинарот Зоран Божиновски.
Според сознанијата, станот е купен на 11-ти јули 2016 година, заведен е во деловодните книги на компанијата, под број на договор 03-921/1, а нотарски е заверен кај нотарката Верица Синадинова на 23-ти септември 2016 година…
Во тој периот Божиновски се наоѓа во истражниот затвор во Шуто Оризари по обвинение во предметот „Шпион“ кој го водеше Стефанова.
Но, интересно е што Лиле Стефанова се јавува и како обвинител во предметот „Империја“, со кој е опфатени и бизнисменот Јордан Камчев, а пред помалку од две години италијанскиот весник „Ла Верита“ објави снимка од телефонски разговор и меѓу Камчев, осомничен во „Империја“, и Бојан Јовановски – Боки 13, осомничен во случајот „Рекет“, и во еден од нив, Камчев вели дека сопственикот на „Адора Инќенеринг“ Ванчо Чифлиганец му барал дуќан за обвинителката Стефанова.
Камчев, во разговорот со Боки 13, прашува дали обвинителката Стефанова е влезена во играта со нив
Не знам, женава влезена ли е во играта со нас, оваа Лиле, влезена ли е? Мене еднаш Чифлиганец кога ми се јави ми бараше дуќан за нејзе за стоматолошки ординации, за глупости. Јас одјебав све тоа, му вели Камчев на Боки 13.
Чифлиганец тогаш во изјава до медиумите ги негираше таквите тврдења.
Сепак, документацијата што сега ја приложува Божиновски, укажува дека Стефанова, односно нејзината ќерка купила станбен простор од „Адора Инженеринг“. Но проблематично е што обвинителката Лиле Стефанова „заборавила“ станот од 72 квадратни метри. Поради тоа, се јавува отворениот сомнеж дека средствата со кои е купен станот не потекнуваат од легално стекната заработка на обвинителката која земала 93 илјади евра на незаконски начин надоместоци од некогашното СЈО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.