Заврши распитот на водителката Лила Филиповска кај обвинителката за органзиран криминал и корупција Вилма Рускоска. Лила се задржа кај Рускоска околу 2 часа, а по излегувањето од обвинителството не сакаше да даде изјава за новинарите.
Подалеку, ќе ми ја растурите фризурата, им одговори Лила на новинарите и замина.
Обинителството испитува потекло на парите на Лила, односно дали парите што Филиповска му ги префрлала на Боки 13 се од рекетот земен од Орце Камчев.
Водителката Лила Филиповска беше повикана во Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за да даде изјава во рамки на истрагата за случајот „Рекет“.
Водителката Филиповска беше во автомобилот на Боки 13 кога полицијата го приведе на граничниот премин „Богородица“.
Во предметот „Рекет“ осомничени и во притвор се Бојан Јовановски – Боки 13, Зоран Милевски – Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.