Гарантираме дека Општината ќе ја оспособи и поддржи својата администрација во процесот на стекнување високи квалификации, знаења и вештини, со кои ќе може да испорача најдобри резултати за граѓаните, а општината да биде ефективна и ефикасна.
Администрацијата нема веќе да биде само пасивен давател на услуги, туку активен медијатор меѓу власта и граѓаните, преку прераснување во професионална администрација ослободена од влијанијата на политичките партии, подготвена да одговори на сите барања на граѓаните.
Затоа, гарантираме КРЕИРАЊЕ ПОЛИТИКИ И КООРДИНАЦИЈА ЗА ОБУКИ за зголемување на ЕФИКАСНОСТА НА ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА .
Гарантираме ЕФЕКТИВНО УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ПРЕКУ ВОВЕДУВАЊЕ МЕРИТ – СИСТЕМ ЗА МОТИВАЦИЈА.
Веднаш отпочнуваме со ВОСПОСТАВУВАЊЕ ПРИНЦИПИ И КОДЕКС НА ОДГОВОРНОСТ, ОТЧЕТНОСТ И ТРАНСПАРЕНТНОСТ. Ќе донесеме ПРОГРАМА ЗА СУЗБИВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА и отчетно ќе ги информираме граѓаните за преземените мерки и начините за пријавување корупција.
Иднината на ефикасна и ефективна општина е во професионална општинска администрација. Тоа и ќе го направиме! Заедно за седумката на седумнаесетти октомври!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.