Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски и меѓународниот секретар Тимчо Муцунски се сретнаа со Директорот на Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Кристијан Даниелсон и Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.
На средбата се говорело за актуелните политички случувања, стратешките приоритети на државата како и за реформските процеси клучни за остварување на стратешките цели на Република Македонија.
Им ги посочив слабите резултати на власта на полето на реформите кои се од суштинско значење за членството на Македонија во Европската Унија.
На средбата напоменав дека власта исклучително заостанува со реформите од областа на правосудството, справувањето со корупцијата како и заштитата на животната средина и посочив дека корупцијата и криминалот го разјадуваат општеството, а владата се става во улога на заштитник, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.