Зоран Заев, премиерот во оставка, денеска во Владата ги повика претседателите или потпретседателите на партиите од актуелното собраниско мнозинство на првични разговори за нов премиер и состав на нова влада. На состанокот ќе се разговара и за можниот распоред за собраниска седница за оставката на премиерот и изборот на нова влада.
По вчерашната оставка на премиерот Заев, според Уставот на Македонија, сега цела влада е во оставка сѐ до изборот на нова влада.
И во Собранието се очекуваа координативен состанок на шефовите на пратеничките групи за договор за натамошната работа на Собранието.
Во синоќешната изјава Заев рече дека ја презема одговорноста за лошите резултати на овие избори.
Оставката ја поднесувам за да можат токму тие прогресивни сили да опстојат и да продолжат да се борат за прогресот на Македонија. Оставката ја поднесувам и од премиер и од претседател на СДСМ. За крај и во вакви околности останувам на ставот дека не треба да има вонредни парламентарни избори. Претстојат одлични и неповторливи 2,5 години за работа и економски успеси од кои корист ќе има целиот наш народ и државата. Ќе останам периодов додека треба за да помогна за да се реорганизира нова влада со прогресивно мнозинство кое го има и постои, а може да биде и уште зголемено. Јас лично како човек сум дел од СДСМ и од прогресивниот народ и останувам во првите борбени редови како член на СДСМ и дел од нашиот прогресивен народ – рече Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.