Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во сабота (16.10.2021) Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР (Куманово, Штип, Велес, Струмица, Битола, Охрид и Тетово) ќе работат на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08.00 до 16.00 часот.

Истовремено и Одделението за управни работи Скопје во објектот на МРТВ на денеска ќе работи на прием и издавање на лични карти со редовно работно време од 08.00 до 16.00 часот.

Утре (17.10.2021), пак, сите наведени надлежни организациони единици ќе работат само на издавање на изготвени лични карти за граѓаните со работно време од 07.00 до 19.00 часот, вклучувајќи ги и дисперзираните пунктови во ОУР Скопје (Ѓорче Петров, Беко, Бутел и Драчево).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.