Неискрено и крајно дволично звучи реакцијата на вицепремиерот Никола Димитров на Фејсбук статусот на Павле Зафиров кој ја потресе Македонија.

Докторот Зафиров раскажа за страдањата еден сточар од кратовско кој бил завеан во снегот. Сточарот премрзант цела вечер бил во снегот се додека неговата 90 годишна мајка повикала помош.

Но, тука започнале маките на Павле и екипата која требало да му помогнат на сточарот бидејќи поради непристапниот терен морале да го носат низ планината како што се носеле ранетите патризани.

И од сето ова страдање на сточарот единствен со реакција се јави Димитров кој вели дека е фрапиран. Што има семејството  на сточарот што тој е фрапиран. Има еден збор што треба да го стори а не само да го каже а тој се вика ОДГОВОРНОСТ.

Одоговорност прво од себе со оставка, иако неговата функција нема директна поврзаност со случајот.

Димитров треба да повика на оставки a списокот е долг: Директорот на центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, министерот за здравство Венко Филипче и секако министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Кога можеше да има хеликоптер за Заев да оди во Прилер сигурно можеше да полета и за премрзнатиот сточар кој го вади лебот со чување овци. Или неговиот живот вреди помалку од тој на Заев?

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.