Попладнево пред Собранието се одржа протест за поддршка на лицата со попреченост. Тие излегоа да побараат достоинство бидејќи се заборавени од сите. Присутните се собраа пред Владата по што поворката замина пред Собранието.
Овие лица велат дека немаат поддршка од оние кои не се сочуствуваат со нивниот проблем.
Мора да се забележи дека на протестот немаше политичари ниту од власта ниту од опозцијата.Немаше ниту јавни личности ниту естрадни звезди.Никој.
Единствен кој дојде да даде поддршка е Бране Петрушевски.
Тој рече дека дошол со својот човечки дрес а не со политичкиот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.