Портпаролот на МВР Тони Ангеловски за Сител изјави дека лицата кои ќе остварат влез на територија на државава за време на полицискиот час смеат да одат до својот дом.

Во зависност од тоа на кој граничен премин ќе пристигнат, доколку пристигнат по копнен пат ќе бидат прифатени и можат да се движат до својот дом. Ова важи и за оние кои ќе допатуваат со авион, односно нивната авионска карта претставува пропусница за движење до својот дом а имаат и право едно лице од фамилијата да ги земе од аеродром и да ги однесе до дома, изјави Ангеловски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.