Јавно прашуваме дали после скандалот со насилството од градоначалникот Курто Дудуш, дивите градби во Охрид и Матка од функционери на ДУИ и овој скандал со генералниот секретар на Влада, Јавното Обвинителство конечно ќе се одважи да отвори случај против висок функционер од власта или законите важат само за ситниот криминал од обичните граѓани, додека корумпираните елити и грабежот на народните пари се штитат од секоја владејачка гарнитура од транзицијата до денес”, се вели во соопштението на партијата Левица во врска со протечената аудио снимка како се одвивала јавна набавка во М НАВ во која е инволвиран ген-секот на владата Драги Рашковски.
На народот одамна не му требаат ‘бомби’ за да дознае како се одвиваат владините зделки и како добрата создадени од народот се префрлаат во рацете на корумпираните елити. Сепак, убаво е да се чуе речникот на нашите ‘прогресивни’ тирани кога мислат дека се скриени од очите и ушите на народот”, велат од Левица.
Според партијата, ,,со објавената аудио-снимка за Рашковски се потврдува здраворазумниот став дека каква било декларативна ‘прогресивност’ од елитите испарува позади првата затворена врата и дека реторички служи само за маскирање на корупцијата и неморалот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.