Партијата „Левица“ на проблемот со увозот на  опасен отпад. Оттаму велат дека се скандалозни се податоците кои укажуваат дека над седум милиони тони отпад се увезени само од Бугарија во минатиот период, откако се обелодени дека во синџирот на увоз на отпад е замешан и доскорешниот директор на мултипрофитерскиот бизнис Дрисла, Горан Ангелов. Враќањето на Дрисла под град Скопје е недоволен и задоцнат чекор и истиот претставува обид за замајување на јавноста – при што обвинителката Вилма Рускоска се крие од јавноста и никаде ја нема да покрене постапка против Горан Ангелов и останатите инволвирани соучесници во увозот на отпад!

Додека индустријата со увоз на отпад заработува милионски профити годишно, 3500 лица годишно во Македонија умираат од загаден воздух – тогаш чии интереси бранат партиите кои ја одложија забраната за увоз на опасен отпад? Дополнително, Левица се залага за целосна забрана за увоз на отпад, затоа што нашата држава не претставува депонија за отпадот на богатите држави! Крајно време е животот и интересите на граѓаните да бидат на прво место – а не профитот на моќниците и интересите на странските фактори!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.