Денес Левица, до Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе кривична пријава против поранешниот претседател на Уставниот суд на РМ Никола Ивановски, за сторено кривично дело саботажа, поради тоа што две години неосновано го чува во фиока предметот за т.н. Закон за двојазичност, кој е илегално објавен без потребниот потпис на Претседателот на Републиката – и со тоа, на подмолен начин, предизвикал тешко отстранливи и штетни последици по уставниот поредок на Република Македонија!
По падот на оваа квислиншка власт, која тајно припрема терен за федерализација на државата, вакви пријави ќе бидат поднесени и против сегашниот претседател на Уставниот суд, како и против директорот на ЈП „Службен весник на РМ“!, велат од Левица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.